Ferd и Norwegian Property ASA со донација од 1 милион долари за поддршка на програмите на ЏА Европа во Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Украина и Србија
Posted on: 03.07.2025
ЏА Европа го објави приемот на значајна донација во вредност од 1 милион американски долари од компаниите Ferd и Norwegian Property ASA. Оваа поддршка пристигнува во клучен момент, по престанокот на финансирањето од страна на USAID, што директно ги погоди програмите во Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Украина и Србија.
„Партнерството има длабоко значење и претставува заедничка посветеност за зајакнување на младите низ Европа преку претприемничко образование, финансиска едукација и подготвеност за работа“, изјави Салваторе Нигро, извршен директор на ЏА Европа. „Изразуваме искрена благодарност до Ferd и Norwegian Property ASA, како и до Јохан Х. Андресен и Џон Фредриксен, за нивната верба во нашата мисија и нивната дарежливост.“
„Оваа донација доаѓа во поддршка на младите во клучен момент – како за нив, така и за Европа. Norwegian Property се среќни што имаат можност, заедно со Ferd, да даде финансиски придонес за ЏА Европа за да се осигура дека витални образовни програми за младите ќе продолжат во оваа предизвикувачка ситуација. Ги поздравуваме и поддржуваме сите иницијативи кои им помагаат на младите да развијат претприемачки вештини, за да најдат значајно вработување и да можат да преземат понатамошни одговорности во годините што доаѓаат “, изјави Џон Фредриксен.
Обезбедените средства ќе играат клучна улога во одржувањето на програмите на Џуниор Ачивмент, обезбедувајќи континуитет во образовните иницијативи што ги оспособуваат младите во овие земји. ЏA Европа ја потврдува својата посветеност на остварување трајно влијание врз животите на безброј млади.
Искрената благодарност кон Ferd и Norwegian Property ASA за нивниот трансформативен придонес.
