Потпишан меморандум за соработка со Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет-Скопје
Posted on: 30.04.2025
Со цел унапредување на социјалното претприемништво и поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет-Скопје !
Како регионален лидер во оваа област, Центарот игра клучна улога во градење на свеста и капацитетите преку иновативни програми – од едукативни курикулуми и истражувачки иницијативи, до акцелератори, инкубатори и меѓународни размени.
Веруваме дека оваа соработка ќе отвори нови и значајни можности за младите да се вклучат, развиваат и напредуваат во областа на социјалното претприемништво!
