Партнерство со Шпаркасе Банка за поддршка на натпреварот во банкарски сектор

Posted on: 25.06.2025

Во период 19-20 јуни во Струга, 43 средношколци од 8 училишта, водени од 8 наставници, кои беа дел од Програмата за ученичка компанија на ЏА Македонија оваа учебна година, учествуваа на Кампот на иновации поддржан од Шпаркасе Банка.

Партнерството со Шпаркасе Банка, има за цел  да ја зголеми финансиската писменост и да ги едуцира младите како да управуваат со своите пари и да носат мудри финансиски одлуки за иднината.  

Компанијата „LagoonTile“  го оссвои првото место а се занимава со изработување на декоративни и градежни плочки составени од рециклирана пластика преку мрежа инсталирана на реката Вардар и Црн Дрим.​

Второ место на компанијата „AquaNet Еcо” предложи производ Интелигентна бова, направена од рециклирана или океанска пластика, која овозможува мерење на температура и загаденост преку Wi-Fi конекција.

Третото место го освои компанијата „Шише по шише”  која нуди Паметна „еко-канта“ со сензори,  може да користи Вештачка интелигенција за броење и лесно се инсталира и одржува.

Во делот со презентации на решенијата учениците имаа можност  да ги изложат своите идеи пред представниците од банката , кои воедно и ги прогласија победниците и доделија наградите на победниците.