Поддршка од општина Велес за претстојниот натпревар во јули во Атина, Грција

Posted on: 20.06.2025

Среќни сме за остварената поддршка од општина Велес за претстојниот европски натпревар  во јули во Атина, Грција во рамки на фестивалот ГЕН-Е 2025. Се надеваме на идна соработка која ќе ни овозможи реализација на заеднички проекти, настани во општината, како и вклученост на што поголем број на млади луѓе. Дополнително општината ќе биде поканета на следните наши натпревари и работилници во средните училишта во Велес во новата учебна година.

Учеството на Европскиот натпревар 2025 за учениците и наставникот-ментор кои се дел од Playful Pages ќе биде награда за нивната работа во текот на годината и ќе создаде можност за размена на искуства и идеи, вмрежување со други наставници и ученици. 

Ген-е кој ќе се одржи од 01 до 03 јули 2025 г. во Атина, Грција е најголемиот фестивал на Џуниор Ачивмент Европа, кој го слави претприемништвото и достигнувањата на младите во Европа.

Повеќе инфо за тимот кој не претставува погледнете на порталот за GEN-E 2025: