ЏАМ е во потрага по практикант/помлад соработник!

Posted on: 01.07.2025

Назив и опис на позицијата/праксата;

  • Помлад соработник

Временски период (почеток на ангажманот и времетраење);

  • Почеток 5ти август 2025 времетраење 1-3 месеци.

Локација: канцеларија на Џуниор Ачивмент Македонија, Наум Наумовски Борче 38/9, спроти Соборен храм;

Дали следува финансиски надомест и неговата висина;

  • Да, меѓу 5000-7500 денари месечно зависно од работни часови на ангажирање

Рок за аплицирање;

  • До 13 јули

Работни задачи кои се очекуваат од кандидатите:

  • вклученост во организација на настани во програмата за ученичка компанија,
  • комуникација со целни групи, институции и други чинители,
  • поставување објави и слики на социјални медиуми.

Услови и можности за кандидатите:

  • пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • учење од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • личен и професионален развој,
  • употреба на дигитални алатки и технички напредни решенија,
  • дополнителни придобивки од настани организирани од мрежата на Џуниор Ачивмент Европа

Кандидатите треба да се:

  • без работно искуство, но со желба и поттик да се учи
  • основни познавања за работата Џуниор Ачивмент Македонија
  • познавање на македонски и англиски јазик,
  • пожелно возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • желба за учење и напредување,
  • тимска работа,
  • добра деловна комуникација (усна и писмена) и презентација,

Начин на аплицирање: кандидатите треба да достават кратка биографија (CV) на info@jamacedonia.mk со назнака интерес за помлад соработник-име и презиме. Контакт лице Љупка Панчевска