Регионална конференција PLAY Jet – 16-19.02.2025, Бугарија
Posted on: 12.02.2025
Младите ја креираат иднината на зелената транзиција!
Од 16 до 19 февруари 2025 година ќе се одржи меѓународната конференција Panda Labs Achievers: млади за праведна транзиција, во Перник, Бугарија.
Млади претприемачи од четрите земји каде се спроведуваа проектните активности ќе презентираат иновативни зелени бизнис идеи кои можат да ја променат иднината на регионите со јаглен!
До сега преку овој проект успеавме:
- Да го зголемиме знаењето за климатските промени и зелениот бизнис за 22% кај 500 млади
- Да мотивираме 240 студенти да креираат одржливи решенија
- Да ги поддржиме идеите на младите за иднината на регионите со јаглен
Зеленото претприемништво е патот до одржлив развој!
