Инспиративни приказни за занаетчиството
Posted on: 03.12.2024
На 3 декември 2024 година, Алумни клубот на Џуниор Ачивмент Македонија организираше настан „Инспиративни приказни за занаетчиството“ со Анета Атанасовска, Извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.
Темата на настанот беше поголемата вклученост на жените во занаетчиството, како младите да се придобијат со вештини за личен развој и да се охрабрат да градат предприемачки вештини.
На настанот присуствуваа ученици и наставници од повеќе средни училишта од Скопје и Велес. На учесниците им беа презентирани неколку успешни приказни од занаетчиството и им беа објаснети процесите за понатамошно надоградување и квалификација што ги нуди Занаетчиската комора на Скопје.

