Покана за вебинар на тема „Зелена економија“
Posted on: 11.12.2024
Ве покануваме да го проследите вебинарот на тема „Зелена економија“ на 11 декември 2024 г. од 12:30 часот со предавач Владимир Петковски.
Формулар за регирстација – https://forms.gle/iQvJo5iXLshEku2H9
Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Зелена младина зелен раст“ кој има за цел да ја поттикне соработката на младите, граѓанските организации и медиумите во одговор на главните теми од зелената агенда (циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи за храна и рурални области).
Активностите на овој проект придонесуваат кон одржлив и зелен развој како и кон процесот на пристапување во ЕУ, преку создавање граѓанско општество и зајакнати вештини на младите во областите на зелената агенда.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и Фондација Можности.
Би ни било чест и задоволство доколку присуствувате на овој настан.
