Извештај – „Катализатори на зелениот начин на размислување: Улогите и одговорностите на чинителите во јавниот образовен систем и достапните еколошки програми за средношколците во Северна Македонија“

Posted on: 22.12.2024

Во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“ беше подготвен извештај за идентификувани чинители во јавниот образовен систем кои се катализатори на „зелениот начин на размислување“, нивните улоги и одговорности и идентификација на тековните еколошки/климатски образовни програми достапни за средношколците во државата.

Извештајот се фокусира на анализата на клучните чинители во образовниот систем на Северна Македонија на ниво на средни училишта, со посебен фокус на потенцијалот да дејствуваат како катализатори за промоција на „зелениот начин на размислување“.

Чинителите кои ги опфаќа извештајот се поделени во две главни групи: креатори на образовни политики и образовни институции на локално и национално ниво.

Дополнително извештајот ги истражува улогите, одговорностите и ингеренциите на овие чинители во процесот на креирање и имплементирање на образовни политики и иницијативи за климатските промени и еколошката одржливост. Специјален акцент е ставен на нивната способност и мотивација да интегрираат програми за заштита на животната средина и климатските промени во наставните програми на средните училишта, со цел поттикнување на еколошка свест и одржливо однесување кај младите генерации.

Доколку би сакале да го добиете извештајот во целост слободно пишете ни на melita@jamacedonia.mk.