Инспиративни приказни на успешни жени претприемачи – 05.11.2024
Posted on: 05.11.2024
Алумни клубот на Џуниор Ачивмент Македонија на 5 ноември 2024 година организираше настан „Инспиративни приказни на успешни жени претприемачи“, кој се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје. Настанот собра 50 учесници, кои имаа можност да ја слушнат успешната приказна на Дафинка Дина Муцунска – менаџер, консултант, докторант на туризам.

Дафинка го сподели своето повеќе од 20-годишно професионално искуство, нагласувајќи ја важноста на разбирањето на луѓето, балансирањето и благосостојбата како клучни фактори за успех.
Настанот беше дел од активностите на Алумни клубот, кој преку свохата мрежа овозможува младите да се поврзат, споделуваат идеи и градат претприемачки вештини.

