Успешна и инспиративна приказна од наши ученици- победници на Националниот натпревар за најдобри ученички компании 2023

Posted on: 11.09.2024

Тим ученици од ученичката компанија InoVax  од СЕТУГС Михајло Пупин од Скопје – победници на Националниот натпревар за најдобри ученички компании 2023 и учесници на Европскиот фестивал ГЕН-Е во јули 2023 во Истанбул, Турција, заедно со ментор наставник Ања Манчевска гостуваа на национална телевизија Сител.

Погледнете го краткото видео на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=hm0JD7lwQdg.

Ние во ЏА Македонија сме горди што се одлучија да земат учество и на многу други активности во земјава, почнувајќи од 2023 година кога првпат се вклучија на натпреварот и на низата активности и патувања кои следеа, како што е учеството на летни кампови за развој на идејата во реален бизнис и работилниците за кариерно насочување

и учеството на националниот натпревар 2024.

Интересно за нас е дека покрај тоа што го објаснуваат својот изум-локатор за лица со деменција тие нагласуваат дека токму учеството во програмите на Џуниор Ачивмент ги вовело во тоа што значи претприемништво, ги инспирирало за кариера во економија и бизнис, и придонело кон нивното формално образование. Се надеваме дека вештините и знаењата стекнати во програмата ќе им го олеснат патот кон вработување, а искуството со нашата организација ќе ги направи успешни каде и да се.