Конференција на наставници во Врњачка Бања – 13-15 октомври 2024 год.
Posted on: 24.10.2024
Oд 13 до 15 октомври во Врњачка Бања, Србија во организација на Џуниор Ачивмент Србија се одржа национална конференција на наставници од средните училишта кои спроведуваат програми за претприемничко образование и се дел од мрежата на ученички компании – Junior Achievement.
Целта на конференцијата е да ги зајакне капацитетите на наставниците и да инвестира во нивната обука за да можат да пренесат знаење на своите ученици. Повеќе од 180 наставници од 122 средни училишта од 70 општини во Србија, како и наставници од Македонија и Црна Гора, имаа можност да разменат искуства со колегите и да уживаат во различни предавања во текот на трите дена на конференција.
Искуствата и предизвиците кои беа тема на панел дискусиите потткрепени со мотивациски говори од врвни предавачи , менаџери на компании во доменот на иновации , психологија за справување со младите генерации, вештачка интелигенција, е-трговија и вештини за иднината.


