Активности за вмрежување на учениците кои се дел од проектот PLAYJet – 03.09.2024

Posted on: 10.09.2024

Учениците кои се дел од проектот Play Jet, ги разменија своите искуства и знаења стекнати во текот на едукативната програма и активности во рамките на проектот за време на активноста за вмрежување која се оддржа на 03 септември во Охрид.

Преку едукација, игри и забавни активности, учениците се запознаа со процесот на праведна транзиција, климатските промени и дискутираа како тоа влијае на нив и на нивната околина. Тие предложија иновативни зелени идеи и решенија, бидејќи грижата за заштита на животната средина е на сите нас, а зеленото претприемништво е иднината.

Главната цел на проектот е зголемување на знаењата за климатските промени и предизвиците поврзани со праведната транзиција, кај средношколците од четири земји од Источна Европа (С. Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора) и нивно охрабрување за активно вклучување во креирањето политики и решавање на проблемите во заедницата. Создаваме иновативна младина во регионите со јаглен и нови генерации зелени претприемачи.