Чокопробио – наши претставници на Gen- e 2024 – 02-04.07.2024 Катанија, Италија

Posted on: 15.07.2024

Победниците на Националниот натпревар на УК „Чокопробио“ од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп, ја претставија својата бизнис идеја пред широката публика за време на Gen-E, најголемиот настан во Европа за прослава на претприемништвото и достигнувањата на европската младина, кој годинава се оддржа во Катанија, Италија од 02-04 јули 2024.

Натпреварот собра над 800 млади претприемачи, нивните наставници, деловни партнери и креатори на политики од цела Европа. Натпреварувачките тимови беа избрани од над 300.000 студенти кои изминатата година работеа на програмите за претприемништво на Џуниор Ачивмент низ цела Европа.

Учесниците низ неколку фази (интервју со жири комисија, сценска презентација и изложба на штанд) се натпреваруваа за 2 главни награди (компанија на годината и иновација на годината) и останати награди од подржувачите на натпреварот –Delta Air Lines, FedEx, HSBS, PMIEF, UniCredit, ManpowerGroup I Unioncamere.

Пред натпреварот во Катанија, илјадници млади вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент ги покажаа своите бизниси на Виртуелните штандови и се натпреваруваа за онлајн награди поддржани од EIT Manufacturing, EIT Food, Crédit Agricole Auto Bank, Intel, Johnson&Johnson, и PMIEF.

Победниците на Gen-E 2024 се:

  • Oculare (Данска), наградена со ЈА Европа за освоено прво место
  • Grag (Шведска), наградена со JA Europe за освоено второ место
  • Feel Touch (Украина), награден со ЈА Европа за освоено трето место

Повеќе информации за победниците може да најдете на: www.gen-e.eu.