Обука за наставници – 15-16 септември 2022, Дојран
Posted on: 22.09.2022
Наставници вклучени во програмата за ученичка компанија на Џуниор Ачивмент Македонија, учествуваа на обуката за Раководење на проектен циклус од 15 до 16 септември, во Дојран.
Преку вовед во основите на управување со проекти, наставниците се стекнаа со знаења и вештини за раководење со проекти, фазите на проектен циклус, финансиско планирање, спроведување на проектни активности, следење и евалуација и завршен процес.

