Промоција на важноста од средно стручно образование и практична работа во прилог на проектот поддржан од ЕРАЗМУС-Програма за хотелска пракса (ПХП): Добијте квалификација на време!
Posted on: 26.04.2021
Во Европа, приватниот сектор игра значајна улога во сите фази од стручното образвание и обука, што го вклучува подготвувањето на наставните програми, нивната реализација, сертификацијата и финансирањето. Значителна улога играат и стопанските комори и другите стручни здруженија. Тоа не е само обврска, туку партнерство помеѓу државата и приватниот сектор,
Очекуваме за времетраењето на проектот поддржан од Еразмус „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија дел од претставниците од бизнис секторот туризам кои се во мрежата на наши контакти да ги слушнат постигнатите резултати на учениците во проектот и на учениците од останатитестручни училишта во земјава, со што ќе се постигне позитивно влијание за важноста на спремност на кадрите во угостителскиот сектор, но и воопшто подобрување и развој на секторот туризам во земјава воопшто.
Џуниор Ачивмент Македонија како организација е посветена на промоција на претприемничкото образование со фокус на практична работа до подготвеност за работа и зголемена вработливост особено со програмите кои ги спроведува во средното стручно образование. Една од главните теми на вебинарот кој се одржа на 15 април 2021 на платформата МС Тимс беше да се отвори дискусија со релевантите актери во земјава за важноста од средно стручно образование, стекнување квалификации навреме и применливи вештини. Повеќе од 80 учесници меѓу кои наставници, ученици, претставници на граѓански организации и бизнис секторот имаа можност да ги слушнат говорниците и да постават прашање поврзано со темата.
Помеѓу гостите говорници кои го изложија свој став и мислење во однос на важноста од практична работа за време на средно образование се обратија:
1. Елизабета Јовановска Радановиќ, ЦСОО
2. Анета Пејоска, директор “Орде Чопела”, Прилеп
3. Арбен Кривањева, наставник “Арсени Јовков”, Скопје
4. Анета Петровска Русомароска, раководител ЕВН Македонија
5. Весна Иваноска, Генерал Манаџер, Сеавус Едукација
6. Марија Стефковска, национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност
7. Владо Цекиќ, Директор Скроне
Очекуваме по завршување на проектот „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ во едно од вклучените средни училишта од Скопје, Крушево и Охрид да се одржи презентација на постигнатите резултати со вклучување на претставници од секторот туризам и угостителсто каде ќе гостуваат учениците од мобилноста да ги споделат совите искуства од праксата.
Повеќе за проектот (ПХП): Добијте квалификација на време!
Започнат во август 2020 година, проектот Програма за хотелска пракса (ПХП): Добијте квалификација на време! се обидува да ги подобри клучните вештини и компетенции на 15 средношколци од 3 средно стручни училишта од РН Македонија. Преку проучување на европските модели за обука на работното место во туристичкиот сектор учениците ќе се запознаат со системот за стручно образование и обука во ЕУ земја.
Проектот ќе го спроведува конзорциум на училиштата: СУГС Лазар Танев, Скопје; СОУ Ванчо Питошески од Охрид и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево, Џуниор Ачивмент Македонија и поддржан од организацијата домаќин, Бугарски младински форум од Варбово, Бугарија.
Линк до вебинарот: https://www.youtube.com/watch?v=2RF61LYd-Os
