Снежана Бошковска- Наставник на учебната 2020/2021 година 

Posted on: 14.06.2021

Професорката Снежана Бошковска од средното училиште на град Скопје, Гимназија Никола Карев, е прогласена за Најдобар наставник за учебна 2020-2021 година во рамки на нашите програми!  

Прогласувањето се случи  на официјалната церемонија за доделување награди што се одржа на 31ти мај, во рамки на Националниот натпревар за најдобри ученички компании 2021.  

Најдобар  Наставник на годината е награда што ја доделува организацијата Џуниор Ачивмент Македонија на еден наставник ментор на ученичката компанија, за неговите заложби во промоција на претприемничко образование, изразена страст во работата со своите ученици и јасен претприемнички став.