СЕОПТУ Кузман Јосифовски Питу- Најпретприемничко училиште за учебната 2020/2021
Posted on: 14.06.2021
СЕОПТУ Кузман Јосифовски Питу е победникот на конкурсот за избор на најпретприемничко училиште во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија за учебната 2020/2021 година!
Прогласувањето се случи на официјалната церемонија за доделување награди што се одржа на 31ти мај, во рамки на Националниот натпревар за најдобри ученички компании 2021.
Право на учество на овогодишниот избор имаа сите средни училишта во кои се спроведува Џуниор Ачивмент програмата за ученички компании, кои се пријавија на објавениот конкурс.
Дел од критериумите според кој беше направен изборот од жири комисијата се: бројот на вклученост на наставници и ученици во Џуниор Ачивмент програмата, начинот на кој е вклучен наставниот кадар во обуките и организирање на активности на претприемничкото образование во училиштето, како и визијата и идните планови на училиштето во промоција на претприемничкото образование.
Искрени честитки до победникот!
