Средба со Комисијата за хартии од вредност – 22.04.2021
Posted on: 22.04.2021
60тина ученици од 12 средни училишта низ земјава, кои се вклучени во нашите активности имаа средба со Комисијата за хартии од вредност на 22 април 2021 год.
За време на средбата учениците беа информирани за бројните образовни програми и активности што Комисијата им ги нуди на студентите за финансиска писменост како што се: Програмата за едукација, Националната стратегија за финансико образование и инклузија на Северна Македонија, Глобалната недела на парите, Денови на финансика писменост, Европски квиз за пари, Студентски посети од студенти од основни и средни училишта, како и студенти од сите факултети во земјава, Семинари под наслов „Акции на Комисијата“ за разни прашања и решавање на дилемите за учесниците на пазарот на хартии од вредност, Спроведување обуки и стручни испити за во иднина учесници на пазарот на хартии од вредност. Со учесниците беа споделени и дигитални едукатвни материјали, видеа и квизови кои може да ги најдат на веб страната на Комисијата.
И благодариме на Комисијата за хартии од врезност за нивната презентација и поддршка.
