Започна регионалната соработка за поттикнување на младото претприемништво во рамки на проектот „Education for Young Entrepreneurs – One Click to Success“/ 13.11.2026

Posted on: 15.11.2026

Во изминатите два дена, во Велика Плана, Република Србија, се одржа почетната средба на партнерските организации и образовни институции од Србија, Северна Македонија и Бугарија, со што официјално беше означен почетокот на регионалната соработка во рамки на проектот „Education for Young Entrepreneurs – One Click to Success“.

Средбата претставуваше можност за воспоставување партнерски односи, размена на искуства, идеи и добри практики, како и усогласување на заедничката визија и насоките за понатамошна имплементација на проектните активности.

Преку оваа регионална иницијатива, партнерите имаат за цел да го поттикнат развојот на претприемачките компетенции кај младите, да го унапредат нивното знаење и вештини и да создадат нови можности за нивно активно вклучување во претприемачките процеси.

Проектот претставува чекор кон зајакнување на меѓународната соработка, поврзување на образованието со потребите на современото општество и создавање услови младите да ги развиваат своите идеи во одржливи претприемачки иницијативи.

Заедно градиме партнерства, споделуваме знаења и отвораме нови перспективи за младите претприемачи!