Покана за обука – Работа со платформата „Виртуелко за сите“ – 19-20 август 2026 год. Хотел Десарет, Охрид
Posted on: 22.07.2026
Џуниор Ачивмент Македонија организира дводневна обука за млади лица од NEET категоријата (млади кои не се вработени, не се во образование или обука) за работа со едукативната платформа „Виртуелко за сите, која ќе се одржи на 19-20 август 2026 година, во хотел Десарет, Охрид.
Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на младите преку развој на претприемнички, социјални и животни вештини, со посебен фокус на практична примена преку работа со едукативната платформа.
Преку интерактивен пристап и практична работа, учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со функционалностите на платформата и нејзините алатки. Обуката ќе биде насочена кон унапредување на вештините потребни на пазарот на труд.
Секој учесник ќе добие сертификат за учество.
Ова претставува одлична можност за личен напредок, стекнување практични знаења и поврзување со други млади луѓе.
Сите заинтересирани може да се пријават најдоцна до 06 август до 15:00 часот преку пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/YQRKXWbG8H7dMz5q8
Обуката се реализира во рамки на Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите“, во партнерство со организации од Србија (Praskozorje & Економска школа Пирот) и Бугарија (Intra Mentis). Проектот „Виртуелко за сите“ се реализира во периодот од 1 јуни 2025 година до декември 2026 година, а активностите се насочени кон наставници, млади лица (вклучително и NEET категоријата) и студенти од економски области.
