Камп на иновации со поддршка од Шпаркасе банка – 15-16 јуни 2026
Posted on: 17.06.2026
Џуниор Ачивмент Македонија, на 15–16 јуни во Струга, по шести пат успешно го организираше Кампот на иновации – натпревар во претприемнички вештини за средношколци, со поддршка од Шпаркасе Банка.
На настанот учествуваа 39 средношколци од 8 училишта, кои преку динамична тимска работа развиваа иновативни и одржливи зелени бизнис концепти. Младите работеа на идеи насочени кон намалување на отпадот, енергетска и водна ефикасност и одржливо користење на ресурси, со цел поттикнување на одговорно делување и зелено претприемништво.
Во текот на кампот, учениците учеа како да размислуваат претприемнички, како да ги развијат своите идеи во одржливи концепти и како да соработуваат во тимови со различни вештини и перспективи. Креативноста и размената на идеи создадоа инспиративна средина во која иновацијата и учењето се надополнуваа.
На завршниот дел од настанот, учесниците ги презентираа своите решенија пред претставници од Шпаркасе Банка, кои ги следеа развојот на идеите и го поддржаа целиот процес.
Партнерството со Шпаркасе Банка е во согласност со нашите заложби за унапредување на финансиската писменост кај младите, нивно оспособување за одговорно управување со личните финансии и носење информирани финансиски одлуки за иднината, при што им се овозможува и практично запознавање со механизмите за обезбедување средства за развој на нивните идеи во рамки на ученичките компании.Посебна благодарност до Шпаркасе, која продолжува да ги препознава и поддржува овие напори за подигнување на свеста за значењето на едукацијата во претприемништво и финансиско описменување на младите уште во средношколските денови.



