Обука за студенти за користење на платформата Виртуелко 08-09.06.2026

Posted on: 09.06.2026

Џуниор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности.

Како дел од имплементацијата на проектот, нашата организација реализираше обука за 18 студенти за користење на платформата Виртуелко за сите на 08 и 09 јуни во Велес.  Преку примери учесниците работеа на запознавање со работата на платформата, додека предавачи беа Радмила Андовска и Антонио Пановски.

Преку интерактивен пристап и практична работа, учесниците имаа можност подетално да се запознаат со функционалностите на платформата, нејзините алатки. Обуката беше насочена кон унапредување на вештините потребни на пазарот на труд.