Обука за наставници за користење на платформата Виртуелко 05-06.04.2026
Posted on: 07.04.2026
Џуниор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности.
Како дел од имплементацијата на проектот, нашата организација реализираше обука за наставници за користење на платформата Виртуелко на 05- 06 април во Велес. На обуката присуствуваа наставници од повеќе средни училишта од различни градови од нашата земја, каде преку практични примери работеа на запознавање со работата на платформата, додека предавач беше Оливера Стошиќ, која е координатор на проектот.
Преку интерактивен пристап и практична работа, учесниците имаа можност подетално да се запознаат со функционалностите на платформата, нејзините алатки и начините на кои може да се интегрира во наставниот процес. Обуката беше насочена кон унапредување на вештините на наставниците и нивно охрабрување за примена на современи решенија во секојдневната настава.
Џуниор Ачивмент Македонија продолжува со промовирање и овозможување можности за пристап за дигитална инклузија на младите, што е една од нашите важни стратешки цели за подобрување на прифатливоста, пристапноста и релевантноста на дигиталното учење за сите млади.
