Хакатон ,,Младински идеи за одржливи градби” 27.02.2026, Скопје
Posted on: 02.03.2026
Во организација на Институт за истражување во животната средина, градежништво и енергетика, а со поддршка на Џуниор Ачивмент Македонија, успешно се одржа хакатонот „Младински идеи за одржливи градби“. Настанот собра ученици од 9 средни училишта, кои имаа можност да ги презентираат своите иновативни идеи за одржливи и еколошки градби.
Хакатонот беше дизајниран да поттикне креативност, тимска работа и развој на претприемнички вештини кај младите, преку решавање на конкретни предизвици поврзани со одржливата градба. Учениците работеа во тимови, развивајќи концепти, модели и презентации кои ги прикажуваа нивните решенија за одржливост и иновации.
Жирито ги оцени идеите според иновативност, применливост и потенцијал за реализација. На крајот беа прогласени прво, второ и трето место, а најуспешните тимови добија награди за својот труд.
