ЏА Македонија дел од конференција за наставници во Будва 13-15.02.2026

Posted on: 20.02.2026

На покана на Џуниор Ачивмент Црна Гора, а во присуство на претставници од ЏА Европа и ЏА Србија, извршната директорка на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска, учествуваше како панелист на конференција за наставници организирана во соработка со Универзитетот Доња Горица.

Конференцијата се одржа во Будва, Црна Гора , во периодот од 13 до 15 февруари и претставуваше значајна можност за размена на мислења, искуства и добри практики меѓу наставници и експерти од регионот. На настанот учествуваа претставници и наставници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

Преку панел-дискусиите и заедничките сесии, учесниците имаа можност да разговараат за предизвиците и можностите во развојот на претприемничкото образование, како и за улогата на наставниците во поттикнувањето на иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух кај младите.

Ваквите регионални иницијативи придонесуваат за зајакнување на соработката и градење партнерства помеѓу образовните институции и организациите кои работат на развој на претприемничкото образование.