Обука за наставници на тема „Примена на проектен менаџмент во програмата за ученичка компанија“ – 11.11.2025

Posted on: 12.11.2025

На 11 ноември 2025 во СЕПУГС ,, Васил Антевски – Дрен ’’- Скопје , Џуниор Ачиевмент Македонија успешно реализираше обука за наставници за примена на проектен менаџмент во програмата за ученичка компанија.

Целта на обуката беше да ги запознае наставниците со принципите на проектен менаџмент и да ги подготви за ефективна имплементација на Програмата за ученичка компанија во наставата. Наставниците стекнаа напредни знаења и практични вештини за спроведување на проекти, планирање и управување со буџет, мониторинг и евалуација, како и за презентација и пренесување на знаењата до учениците преку практични примери и студии на случаи.

Џуниор Ачиевмент Македонија ќе продолжи активно да ги следи активностите на наставниците и да обезбедува дополнителна поддршка преку конференции, работилници, онлајн менторство и натпревари за учениците.