Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 11 ноември 2025
Posted on: 11.11.2025
Џуниор Ачивмент Македонија ја продолжи презентацијата на проектот „Virtuelco for All“ пред 21 наставник од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, на средбата што се одржа на 11 ноември 2025 година.
Тимот на JAM ги претстави активностите предвидени во рамките на проектот и најави дека во наредните месеци ќе се организираат серија обуки за користење на платформата, наменети за неколку целни групи и усогласени со новата методологија за работа и едукација.
Наставниците по економски предмети, кои присуствуваа на средбата, ќе бидат примарната целна група во претстојните активности, со цел подобрување на нивните вештини и поддршка во примена на иновативни образовни алатки.
