Обука за обучувачи за финансиска писменост и претприемништво – 12-15.10.2025 Малта
Posted on: 16.10.2025
Нашата претставничка, наставникот Радмила Андовска, учествуваше на обуката за обучувачи за финансиска писменост и претприемништво, организирана од Џуниор Ачивмент Малта од 12-15 октомври 2025.
Во тридневната програма учествуваа 15 наставници од 11 европски земји, кои преку практични активности и размена на искуства ја зајакнаа својата улога во едукацијата на идните генерации.
Посетата заврши со учество на конференцијата „Together for Financial Wellbeing“, организирана од Џуниор Ачивмент Малта, посветена на унапредување на финансиските вештини и добросостојба.


