Училиштен натпревар на претприемнички вештини со поддршка од општина Берово

Posted on: 17.09.2025

Новата учебна година 2025/2026 ја започнавме со убав настан за млади во Берово, каде учениците од Ацо Русковски работеа на решавање на предизвик и развој на иновативни бизнис идеи корисни за заедницата. Жирито имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите тимови, посебно што идеите кои што беа предложени беа доста иновативни и применливи за развој на туризмот, но и генереално за економијата во градот и околината.

Благодарници за домаќин училиште беа упатени до директорката и ментор наставничката, и до градоначалникот Звонко Пекевски, за поддршката во организацијата на настанот.

Ова е добар модел на соработка помеѓу нас, училиштата и заедницата во корист на младите и нивната иднина, а кој е дефиниран и со потпишаниот Меморандум за соработка со општината во 2023 со актуелниот градоначалник.