Посета на Џуниор Ачивмент Кипар јули 2025

Posted on: 17.08.2025

Од 21-25 јули 2025, извршниот директор Љупка Панчевска беше во посета на канцеларијата на Џуниор Aчивмент Кипар во рамки на програмата за размена на кадри, поддржана од ЏА Европа. Ова беше одлична можност за размена на знаење, искуства и запознавање со сите вработени во канцеларијата како и дискусија за предизвиците во прибирање средства и лидерство и менаџмент со извршната директорка Антигони Комодики. Во рамки на посетата се оствари средба и со соработници и претставници од партнерски организации кои работат во Никозија, Лимасол и Ларнака, а кои низ годините на различни начини соработуваат и креираат можности за младите во Кипар. Крајно, беше договорено да се најдат начини за идна заедничка соработка на предлог проекти кои ќе овозможат мобилност на младите од двете земји, како и доближување на културите на нашите две земји.