Одржана ТвинТек Конект 2025 – конференција за иновации, трансфер на технологии и вмрежување
Posted on: 29.05.2025
На 28 мај, во Public Room во Скопје, се одржа конференцијата ТвинТек Конект 2025, која ги обедини претставниците од јавниот, образовниот, истражувачкиот и бизнис секторот, со цел размена на искуства и идеи за подобар трансфер на технологии и јакнење на иновацискиот капацитет во земјата.
Преку две панел-дискусии и три паралелни World Café сесии, учесниците имаа можност активно да се вклучат во дебати, да поставуваат прашања и да разменат искуства со релевантни говорници, модератори и практичари од сите клучни сектори.
Во делот наречен World Café имавме можност да ги презентираме добрите практики од проектот девојчиња во циркуларна економија и проектот за зелено претприемништво со регионалните партнери.
