Вебинар на тема „Зелена економија“
Posted on: 11.12.2024
Џуниор Ачевмент Македонија на ден 11.12.2024 год. одржа вебинар на тема „Зелена економија“ со предавач проф. Д-р Владимир Петковски. На вебинарот присуствуваа над 350 учесници од цела Македонија. Учесниците добија можност да слушнат нешто повеќе за проектот „Зелена младина зелен раст“ и циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи, како и за останатите активности поддржани од Европската унија, во реализација на Џуниор Ачивмент Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и ЦЕП Можности.

