Работилница „Млади во циркуларна економија“ во СУГС „Орце Николов“ – 15.11.2024

Posted on: 15.11.2024

На 15 ноември 2024 година, во СУГС Орце Николов, се одржа работилница во рамките на програмата Млади во циркуларна економија (Girls Go Circular), на која учествуваа повеќе од 50 ученици. Работилницата има за цел да ги запознае младите со принципите на циркуларната економија и да ги развие нивните дигитални и претприемнички вештини.

Работилницата беше организирана како интерактивна сесија, каде учениците имаа можност да учат за основите на циркуларната економија, како и да се стекнат со сертификати за завршените модули. Претставниците на Џуниор Ачивмент Македонија ги воведоа учениците во платформата која нуди онлајн модули и курсеви, со акцент на теми како безбедност на интернет, родова еднаквост, и одржлива мобилност, помагајќи им да се подготват за идни предизвици во дигиталната и претприемничката сфера.

Работилницата се организираше во рамките на Европската недела на претприемништво а со учеството, учениците добија можност да ја прошируваат својата перспективата и да научат важни вештини кои ќе им бидат од корист во иднина.