Хакатон – Девојки во акција: Решавање на локални предизвици! – 12-13.11.2024 

Posted on: 13.11.2024

Со огромно задоволство го споделуваме успехот на хакатонот Девојки во акција: Решавање на локални предизвици! организиран од Џуниор Ачивмент Македонија. Хакатонот  се спроведе во рамки на проектот „Еднакви можности за млади девојчиња и жени” спроведуван од Национален младински совет на Македонија во соработка со Stella Network.

На натпреварот учествуваа:
28 средношколки од 6 училишта во Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе,
7 наставници,
6 бизнис волонтери,
5 членови на жири-комисијата.

Средношколките распределени во 6 тима добија предизвик да креират акциски план со кој ќе и се помогне на локалната заедница и ќе се придонесе за благосостојба и економски просперитет на девојките и жените во Вардарскиот регион. Идеите беа инспиративни и иновативни, со фокус на решенија кои промовираат родова еднаквост и ја зајакнуваат улогата на девојките и жените во општеството:

  • Воспоставување на младински едукативен центар,
  • Мобилна апликација за здравствена едукација и економска поддршка на жените од руралните области,
  • Проект за зачувување на старите македонски занаети,
  • Решение за менструална сиромаштија.

Победници

Прво место: „Традиционални девојки“ – СОУ „Јовче Тесличков“, Велес
Идеја: Зачувување на традиционалните македонски занаети преку креирање работилници и промоција на културното наследство. Оваа акција има за цел да ги потсети младите на важноста на културните вредности и да поттикне еднаков пристап до занаетчиските вештини за сите.

Второ место: „Пинк Лејдис“ – СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе
Идеја: Создавање специјални простории во училиштата со бесплатни хигиенски производи за девојки, со цел намалување на менструалната сиромаштија. Оваа иницијатива се стреми да ги елиминира бариерите кои ги спречуваат девојките да се чувствуваат рамноправни и самоуверени.

Трето место: „Силна“ – СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци
Идеја: Мобилна апликација за здравствена едукација и економска поддршка на жените во руралните области. Идејата се стреми да го унапреди пристапот до здравствени услуги и економски можности, создавајќи поправеден општествен простор за жените и девојките.

Овој натпревар создаде платформа за младите да ги развиваат своите вештини, да се соочуваат со предизвици и да создаваат позитивни промени во заедницата.