Џуниор Ачивмент Македонија на Саемот на младински организации – 01.11.2024
Posted on: 01.11.2024
На 01.11.2024 година, Џуниор Ачивмент Македонија учествуваше на Саемот на младински организации, кој се одржа на плоштадчето пред Општина Центар по повод Денот на општината.
Овој настан беше можност за запознавање и вмрежување на младинските организации, како и за споделување на нашите тековни и завршени проекти со посетителите и останатите учесници.
На нашиот штанд, ги претставивме активностите на Џуниор Ачивмент Македонија, создавајќи простор за нови партнерства и соработки.



