Обука на наставници на тема„Зелена и циркуларната економија, заштита на животната средина и климатски промени“ – 3-5 октомври 2024

Posted on: 08.10.2024

Од 3-5 октомври 2024, во Велес, во рамки на проектот „Зелена младина – Зелен раст“  финансиран од Европска комисија, се одржа обука на наставници на теми поврзани со зелената агенда и зеленото претприемништво.

Целта на обуката беше да се запознаат наставниците од средно образовнаие со теми од областа на животната средина, пред се зелена агенда, зелениот договор и зелено претприемништво и совладување на нови наставни алатки, за пренесување на стекнатото знаење на учениците.

Обуката беше доста динамична и комбинираше теоретско знаење, развој на меки вештини и споделување практични искуства за создавање зелени иновации и генерирање решенија.

Општа цел на проектот кој Џуниор Ачивмент Македонија го спроведува заедно со водечкиот партнер Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП) и ЦЕП можности е да даде придонес кон процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ преку создавање граѓанско општество, млади генерации и медиумски организации кои активно придонесуваат во секторските реформи во областите на Зелена агенда.

Поконкретно проектот ќе придонесе кон посветени граѓански организации, поддршка на образовниот систем и запознавање на младите и медиумите во областите на Зелената агенда, вклучувајќи заштита на животната средина, климатски промени и циркуларна економија.