Обука на тема „Финансиско и административно раководење со ЕУ проекти“ – 09-10.07.2024

Posted on: 15.07.2024

Менторската поддршка на граѓанските организации корисници на грант, во рамки на проектот “Потпри се на младите” продолжува!

Успешно се реализираше последната од низа обуки наменети за јакнење на капацитетите на организациите, на тема „ Финансиско и административно раководење со ЕУ проекти“

За време на обуката учесниците се стекнаа со теоретско знаење за административно и финансиско раководење со ЕУ проекти и вештините за изработка на финансиски извештаи.

Обуката е дел од активностите на проектот „Потпри се на младите“ финансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Македонска развојна фондација за претпријатија, Џуниор Ачивмент Македонија, Рурална Коалиција и ЕЛИТ – здружение на жени менаџери.