Обука на тема “Раководење со проектен циклус”- 26-27.06.2024
Posted on: 15.07.2024
Продолжуваме со менторската поддршка на граѓанските организации корисници на грант, во рамки на проектот “Потпри се на младите”!
Успешно се реализираше третата од низа обуки наменети за јакнење на капацитетите на организациите, на тема ” Раководење со проектен циклус “.
За време на обуката учесниците го зголемија своето знаење и вештини кои ќе им помогнат поуспешно да раководат со проектите низ сите фази на проектниот циклус.
Обуката е дел од активностите на проектот „Потпри се на младите“ финансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Македонска развојна фондација за претпријатија, Џуниор Ачивмент Македонија, Рурална Коалиција и ЕЛИТ-здружение на жени менаџери.

