Обука за наставници за имплементација на програмата ученичка компанија – 12-13 октомври 2023, Велес
Posted on: 15.10.2023
На 12 и 13 октомври 2023 година, во хотел „Гарденија“ во Велес, се одржа дводневна обука за наставници за спроведување на програмата за ученичка компанија.
Целта на обуката беше да се обезбеди квалитетна примена на програмата и да се зајакнат капацитетите на наставниците за разбирање и примена на претприемачкото образование во наставниот процес. Преку интерактивна работа и практични активности, наставниците се запознаа со чекорите за основање и водење ученичка компанија, како и со алатките потребни за успешно спроведување на програмата во средните училишта. Со оваа обука, новите наставници се целосно подготвени за започнување со програмата за ученичка компанија и за поддршка на учениците во развојот на претприемачки вештини.


