Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје

Posted on: 14.04.2023

Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје која продолжува да ги препознава и поддржува нашите напори да се подигне свеста за важноста на програмите за едукација за претприемништво и ракување со парите додека младите се сеуште во средно образование.

Учениците имаа можност да слушнат за едукативната подршка на тема развој на бизнис идеи, анализа на пазарот и  конкуренцијата, управување со трошоците, финансиско работење како и развој на  бизнис планови. 

Преку поддршка за основање и пристап до поволна кредитна линија за основање на  бизнис  и пристап  до  серија  практични  обуки  и  работилници на теми релевантни за бизниси  во  рана   фаза      на развој; Пристап  до  искуства и студии на  случаи од слични компании и  организации кои поминале низ процесот; учениците имаа можност да стекнат подлабоки  знаења  од  сферата на Финансирање и кредитирање.

Се надеваме дека со партнерства како овие ќе успееме да изградиме младина спремна за предизвиците на идните работни места.