Камп на иновации – 10-12 Април 2023, Струга
Posted on: 13.04.2023
Џуниор Ачивмент Македонија на 10-12 март 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини за ученици од 5 средни училишта од Битола. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт.
На учениците им беа претставени два одделни деловни предизвици, по што беа поделени во 10 тима (5 сини и 5 жолти тима според нивниот предизвик). Стручното жири имаше навистина тешка задача да ги одбере најдобрите. Овој натпревар им овозможи на учениците да излезат со некои од решенијата на предизвикот како што се подобрени перфоманси на просизводот, подобрени услуги во сектор туризам, градби, системи за подобрена енергетика, еко паркови и еко паркинзи, и решенија за нивната заедница кои ќе овозможат не само одржливи решенија туку ќе донесат и нови зелени работни места.