Обука за наставници – 01-03 март 2023, Охрид

Posted on: 04.03.2023

Продолжуваме со активно градење на капацитетите на наставниците за работа во ученичките компании и соработка со училиштата. Од 01-03 март, 26 наставници од 15 средни училишта и 10 градови низ земјава учествуваа на обуката за спроведување на програмата Ученичка компанија. На учесниците им беа дадени насоки како да го подготват компанискиот извештај за Националниот натпревар во мај, со посебен фокус на маркетинг планот и финансискиот план.

Обуката беше исполнета со интерактивни вежби вклучувајќи табели, графикони и презентации од учесниците.