ИЗБОР ЗА НАСТАВНИК НА ГОДИНАТА – Учебна 2022/2023 година

Posted on: 26.01.2023

Наставник на годината е награда што ја доделува организацијата Џуниор Ачивмент Македонија на еден наставник-ментор на ученичка компанија, за неговите заложби во промоција на претприемничко образование, изразена страст во работата со своите ученици и јасен претприемнички став. Сите наставници кои се дел од програмата на Џуниор Ачивмент , можат да бидат номинирани за избор на наставник-ментор на ученичка компанија за оваа учебна година. 

Номинацијата за избор може да ја достави самото училиште, колега, ученик, надворешен соработник или самиот наставник, во вид на краток текст (до 1000 карактери), каде јасно ќе се наведе зошто личноста која е номинирана треба да биде наградена за својата работа.  

Изборот на наставник на годината ќе се направи според следните критериуми: 

  • Ентузијазам и мотивација на учениците за учество во Програмата за ученички компании на Џуниор Ачивмент Македонија; 
  • Почитување и поддржување таленти, креативност и способност на учениците, охрабрување тимска работа и подобрување на комуникацијата меѓу учениците во тимот; 
  • Препознавање и ширење на мисијата на Џуниор Ачивмент и активно учество на настани организирани од Џуниор Ачивмент Македонија и 
  • Промоција на практично учење и претприемнички став во сопствената образовна институција. 

Номинациите за избор треба се испратат на е-меил info@jamacedonia.mk, најдоцна до 15 март 2023 година, со наслов Номинација за наставник на годината – име и презиме.  

Џуниор Ачивмент Македонија го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста за идни работни места, во соработка со наставниците кои ја спроведуваат програмата во своето средно училиште. Наставниците кои се дел од формалното образование ја препознаваат програмата на Џуниор Ачивмент и преку учество на обуките што ги спроведува организацијата, инвестираат во нови знаења и нови методи за работа во својата образовна институција. На тој начин ги подготвуваат средношколците за предизвиците што следат во светот на бизнисот. Тоа се луѓе ентузијасти кои ги почитуваат своите ученици, охрабруваат тимска работа и континуирано вложуваат во образованието во сите негови форми.  

Наставникот на годината ќе биде избран врз основа на примените номинации, а наградата и сертификат ќе му биде врачена во рамки на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија за учебната година 2022/2023 година