Меморандум за разбирање со Регионален Центар на Скопски плански регион

Posted on: 10.11.2022

Џуниор Ачивмент Македонија и Бизнис центарот при Центар за развој на Скопски плански регион  отпочназаедничка соработка, која на 10.11.2022 год. беше официјализирана со потпишувањето на Меморандум за разбирање.

Со потпишување на овој меморандум се отвараат можности за заеднички иницијативи и соработка која ќе се однесува на подобрување на претприемачката средина и учество во заеднички активности и проекти кои ќе влијаат за подобро иновативно учење и поттикнување на претприемништво во Скопскиот плански регион.