Камп на иновации – 4-5 октомври 2022, Велес
Posted on: 06.10.2022
Џуниор Ачивмент Македонија на 04-05 октомври 2022, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини со ученици од Прилеп, Кочани, Струмица, Гевгелија и Велес. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт.
На учениците им беше претставена задачата, по што беа поделени во тимови од кои се бара да најдат решение на поставениот бизнис предизвик. Тие треба да го проучат проблемот, да проучат факти за индустријата и да смислат креативно решение за задачата. Стручното жири имаше навистина тешка задача да ги одбере најдобрите тимови. Овој натпревар има за цел да им овозможи на учениците да се запознаат меѓусебно на модерен начин на работа и да ги мотивира да размислуваат проактивно и да ги реализираат своите идеи.
