Обука за спроведување на програмата за ученичка компанија – 14-16 септември 2022, Дојран
Posted on: 22.09.2022
Во периодот од 14 до 16 септември, во Дојран, се одржа Основна обука за спроведување Програмата за ученичка компанија на која присуствуваа 22 наставници од 14 средни училишта.
Тродневната обука беше полна со информации и содржини кои придонесуваат за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничко образование и како истиот може да се користи во наставата. Преку учество на обуката, наставниците може да почнат да ја спроведуваат програмата за ученичка компанија во своите класови и да бидат дел од дополнителните активности на Џуниор Ачивмент. Се надеваме на повторна средба и на нови иновативни ученички компании!


