Вмрежување на младите!

Posted on: 26.08.2022

Младите од битолскиот регион, ги разменија своите искуства и знаења стекнати со образовната програма и активностите на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ со мрежата млади идни претприемачи на Џуниор Ачивмент Македонија. Преку едукација, игри, учење и забава учениците се запознаа со процесот на праведната транзиција , климатските промени и разговараа како тоа влијае на нив и нивната околина. Предложија иновативни зелени идеи и решенија, затоа што грижата за заштита на животната средина е на сите нас, а зеленото претприемништво е иднината. Погледнете дел од атмосферата!