Настан „Од идеја до бизнис”, 20-24 август Охрид

Posted on: 21.08.2022

Џуниор Ачивмент Македонија од 20 до 24 август 2022 година во Охрид ја одржа обуката насловена „Од идеја до успешен бизнис“ за надградба на претприемнички вештини на учениците кои беа дел од Националниот натпревар за ученички компании одржан во мај 2022.   

На тридневната обука, учениците од наградените средни училишта во земјата и нивните ментори наставници, имаа можност повторно да ги презентираат своите ученички компании, а преку интеракција со обучувачите да ги зајакнат своите презентациски и комуникациски вештини, како и да слушнат за можностите за финансирање на своите бизнис идеи. Преку предавања и работа во групи, избраните обучувачи, чекор по чекор, ги научија на нови алатки и вежби, и им  ги објаснија начините за понатамошен развој на идејата кон успешен реален бизнис и вработување.

Наставниците кои беа присутни, исто така имаа можност да слушнат за новите програми и платформи кои ЏА Македонија ќе ги спроведува во новата учебна година.

Мисијата на Џуниор Ачивмент за инспирација и подготовка на млади луѓе за успешна економија на земјата е во согласност со една од главните политички насоки на Европската комисија дека “Секој млад човек треба да има практично претприемничко искуство пред да си замине од задолжителното образование”. Ние сметаме дека секој ученик во средно училиште треба да бидe дел од оваа програма како еден од најуспешните концепти кои може да го помогне долгорочниот економски развој и вработливоста.