„ПАНДА ЛАБС ЏУНИОР ЗА ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА“ НА КАМПОТ НА ИНОВАЦИИ ВО КОЧАНИ

Posted on: 06.04.2022

За време на Кампот на иновации, кој се одржа на 4 и 5 април во СОУ Љупчо Сантов во Кочани, 40 ученици и голем број наставници и членови на менаџментот на училиштето имаа можност да слушнат за активностите и целите на регионалниот проект „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“.

Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија, преку презентација и интерактивна дискусија ги приближи темите за климатските промени и нивните последици до учесниците. Се говореше за праведната транзиција како неопходен процес, особено во регионите со јаглен во земјата и нејзиното влијание врз животната средина, економијата и работните места. Учениците ја препознаа потребата за создавање млади генерации и градење и зајакнување на нивните вештини како идни иноватори, лидери и креатори на зелени бизниси.

Учеството на социјалните иноватори во процесите на донесување одлуки на локално ниво и нивното вмрежување, ќе придонесе кон праведен развој на нивните заедници и прекугранична соработка и размена на знаења и искуства на младите од регионот.